Tarek Chouiref
03 Август 2026•Ажурирано: 03 Август 2026
Во близина на танкер кај брегот на Оман рано утринава е пријавена експлозија, соопшти Центарот за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО), јавува Анадолу.
Од УКМТО соопштија дека добиле пријава за инцидентот на околу 20 наутички милји североисточно од градот Хасаб, откако капетанот на танкерот пријавил дека слушнал експлозија во непосредна близина на пловилото.
Според УКМТО, танкерот и неговиот екипаж се безбедни, додека надлежните власти започнале истрага за инцидентот.
Британскиот Центар за поморски трговски операции исто така ги повика бродовите што пловат во областа да бидат внимателни и да пријават каква било сомнителна активност.
Инцидентот се случува во услови на зголемени тензии околу Ормускиот Теснец по неодамнешните воени конфронтации меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.
Вашингтон го повика Техеран да обезбеди непречено пловење низ оваа стратегиски важна поморска рута, додека Иран инсистира дека бродскиот сообраќај во водите покрај неговиот брег треба да биде под негова надлежност.
Американскиот претседател Доналд Трамп во сабота изјави дека ја откажал планираната воена операција против Иран по напорите за посредување на земјите од регионот. Иранските власти ги отфрлија овие тврдења, негирајќи дека бил постигнат каков било договор за повторно отворање на Ормускиот Теснец.