Ruslan Rehimov
04 Мај 2022•Ажурирај: 05 Мај 2022
КИЕВ (АА) – Генералштабот на Украина соопшти дека досега 24.500 руски војници загинале во Украина, од кои 300 во последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според украинскиот Генералштаб, украинските сили од 24 февруари до 4 мај уништиле 194 руски авиони, 155 хеликоптери, 1.077 тенка, 2.610 оклопни возила и 491 артилериски систем.
„Руските сили, исто така, загубија 163 системи за ракетни фрлачи, 81 систем за противвоздушна одбрана, 1.867 возила, 10 брода и лесни глисери и 303 беспилотни летала“, се додава во соопштението на Генералштабот.
Руското Министерство за одбрана на 25 март соопшти дека во Украина загинале 1.351 руски војник.