Bahtiyar Abdülkerimov
22 Април 2022•Ажурирај: 24 Април 2022
КИЕВ (АА) - Државното обвинителство на Украина тврди дека Руската армија во војната користела и деца од Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јавната обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, нагласи дека Русија користела и украински деца во војната против Украина и дека се откриени 8 такви случаи.
Наведувајќи дека Руската армија ги принудува украинските деца на „собирање или пренесување воени информации, носење оружје и др.“, Венедиктова рече: „Ова е војна во која се вклучени и украински деца. Обвинителите имаат две фокусни точки: децата жртви и децата користени во конфликтот.“
Венедиктова информира дека во бомбардирањето на Руската армија оштетени се 1.141 образовна установа, од кои 99 се целосно уништени, додавајќи дека според првите утврдувања, од 24 февруари, кога Русија ги започна нападите, животот го загубиле 208 деца, а повредени се 386 деца.