Vesna Besiç
09 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
ПАРИЗ
Голем број споменици, објекти, улици и знаменитости со години ги мамат туристите од различни делови од светот да го посетат Париз, градот на светлината, љубовта, уметноста и модата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Една од дестинациите кои не можат да се заобиколат е секако Ајфеловата кула. На улиците во близина на симболот на Париз и Франција, секојдневно се наоѓаат голем број улични продавачи.
Тие со продавање на приврзоци во форма на кулата, магнети, капи, очила за сонце, заработуваат за живот.