Lejla Biogradlija
15 Април 2025•Ажурирај: 16 Април 2025
АНКАРА (АА) - Унгарскиот Парламент поради заштита на развојот на децата и јавниот ред, го одобри уставниот амандман со кој се забрануваат сите ЛГБТ-активности во земјата, со најава дека земјата ќе ги признава само машкиот и женскиот пол, известува Анадолу.
На барање на премиерот Виктор Орбан, унгарскиот Парламент се состана за да се дискутира за уставниот амандман со кој ќе се забранат демонстрации и сите поврзани настани организирани од ЛГБТ-поединци.
На гласањето во Парламентот, 140 пратеници гласаа „за“ наспроти 21 глас „против“, а прифатен е и уставниот амандман со кој се блокираат сите ЛГБТ-активности во земјата за заштита на развојот на децата и за јавниот ред.
Унгарскиот Парламент соопшти и дека од биолошки аспект, во земјата ќе бидат признаени само машки и женски пол.
Премиерот Орбан, во објава на својот профил на социјалната мрежа X, ја поздрави одлуката донесена од Парламентот и додаде:
„Уставниот амандман стана закон во Унгарија. Го штитиме развојот на децата. Тврдиме дека поединците се раѓаат како машко или женско. Важен е здравиот разум во Унгарија.“
На барање на премиерот Орбан, на 18 март унгарскиот Парламент изгласа забрана за спроведување ЛГБТ-маршеви.
Унгарија во 2020 година ја забрани промената на полот, менувајќи го својот устав за да наведе дека единствено жените можат да станат мајки и мажите татковци.