Elena Teslova
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
МОСКВА (АА) – Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков ги негираше тврдењата дека Русија поседува чувствителни информации во врска со приватниот живот и финансиската состојба на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кремљ, Песков, во изјава за медиумите рече дека се пласираат слични тврдења со цел да им се наштети на руско-американските односи и додаде оти власта од Белата куќа што е во заминување, прави вакви хистерични чекори за да ги остави билатералните односи во лоша состојба.
„Изјавите поврзани со ова не се вистинити. Кремљ не поседува чувствителни информации во врска со Трамп“, истакна Песков.
Американските разузнавачки служби за претседателот Обама и Трамп подготвија извештај во кој се тврди дека Русија поседува чувствителни информации во врска со приватниот живот и финансиската состојба на Трамп.
Во извештајот се наведува дека има податоци за тоа оти Русија индиректно му помагала на Трамп да ги добие изборите, како и дека лица блиски до Трамп имаат директен контакт со руските власти.