Ikrame Imane Kouachi
20 Април 2024•Ажурирај: 21 Април 2024
АНКАРА (АА) - Убиени се уште 37 Палестинци и ранети се 68 во израелските напади на Појасот Газа во последните 24 час, објави денес Министерството за здравство на палестинската енклава, пренесува Анадолу.
„Израелската окупација изврши 4 масакри над Палестинците во Појасот Газа во текот на изминатите 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.
Во соопштението се додава дека голем број Палестинци сѐ уште се заробени под урнатините и се наоѓаат на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив поради израелските напади и блокади.
Бројката на убиени во нападите што израелската војска ги изведува во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 34.049 во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.
- Израелски напади на Појасот Газа
Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Тел Авив вели во тој напад се убиени речиси 1.200 Израелци, но според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“.
Според податоците на Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.