Emre Aşıkçı
10 Јануари 2022•Ажурирај: 12 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Искусниот турски фудбалски експерт Фатих Терим повеќе не е шеф на стручниот штаб на Галатасатај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бурак Елмас, челникот на клубот од Истанбул, соопшти дека до раскинување на соработката со тренерот Терим дошло со договор по лошите резултати оваа сезона и му посака среќа во продолжување на кариерата.
Терим се смета за еден од најценетите тренери во историјата на турскиот фудбал, кој со Галатасарај освои вкупно осум титули во турското првенство.
На клупата на „лавовите“ беше и во 2000 година кога го освоија единствениот европски трофеј, Купот на УЕФА.
Во последниот мандат како тренер на Галатасарај, од 2017 година досега Терим на двапати беше шампион во турското фудбалско првенство и освои по еден трофеј во националниот Куп и во Суперкупот.
Во својата богата тренерска кариера ги водеше и италијанските клубови Фиорентина и АЦ Милан, а беше и селектор на репрезентацијата на Турција.
Галатасарај во моментов се наоѓа на 12. место на табелата во турската Супер лигата со освоени 27 бодови, што е најлош резултат на клубот во оваа фаза од првенството уште од 1998 година.