Ekip
19 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - На третиот ден од големата операција за ослободување на Мосул од ДЕАШ, во која учествуваат меѓународната коалиција предводена од САД, потоа ирачката армија и силите на Пешмергa, светските медиуми настаните ги прикажуваат со фотографиите и видео-материјалите подготвени од Anadolu Agency (AA).
Anadolu Agency со својата многубројна екипа на фоторепортери и камермани, уште од почетокот на операцијата е присутна на сите линии од фронтот и на сите своите претплатници им ги пренесува најжестоките моменти од настаните од теренот со фотографии и видео-материјали.
Фотографиите што Anadolu Agency ги објави пред останатите информативни светски агенции, се дел од насловните страници на голем број светски весници, а беа искористени и од голем број интернет-страници.
Медиумите „Тајмс“, „Си-ен-ен“, „Гардијан“, „Мирор“, „Волстрит журнал“, „Индепендент“, „Њујоркер“ и „Хафингтон пост“ се само дел од светскиот печат во кои се појавија фотографиите на Anadolu Agency.