Esra Taşkın
03 Октомври 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
ПАРИЗ (АА) - Аеродромот Лион Сен Егзипери, во југоисточниот дел на Франција, утрово е делумно евакуиран од безбедносни причини, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на профилот на аеродромот на Твитер, што го носи името на авторот на романот за деца „Малиот принц“, се наведува дека утрово од безбедносни причини биле извршени дополнителни проверки на првиот терминал на аеродромот.
Од горенаведените причини терминалот беше евакуиран и летовите беа одложени. На социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои се гледа како голем број патници чекаат на аеродромот.