1 23
03 Октомври 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
РАМАЛА (АА) - Двајца Палестинци беа застрелани, а трет ранет од страна на израелските сили во близина на градот Рамала во централниот окупиран Западен Брег, соопштија властите денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелските војници „истрелаа повеќе од 30 куршуми“ во автомобил за време на рација во раните утрински часови во близина на бегалскиот камп Јалазоне, објави палестинската официјална новинска агенција „Вафа“.
Двајцата убиени мажи беа идентификувани како Базел Басбус (19) и Калед Анбар (22), двајцата жители на Јалазоне.
Во престрелката е повреден Рафат Саламех, 19-годишник од градот Бир Цајт.
Израелските војници ги зедоа телата на двајцата мажи и го приведоа повредениот Палестинец.
Палестинското Министерство за здравство потврди дека двајцата жители биле убиени откако израелските војници отвориле оган врз нив во близина на Јалазоне.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи се осудува како што се нарекува „военото злосторство и злосторството против човештвото“, велејќи дека израелската Влада е „целосно и директно одговорна“ за убиствата, објави „Вафа“.