Nur Asena Ertürk
18 Јули 2024•Ажурирај: 19 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Во пожар на јужниот дел на Франција денес загинаа седум лица, вклучувајќи три деца и тинејџери, објавија локалните власти, пренесува Анадолу.
„Пожарот изби околу 3:00 часот изутрина на највисокиот кат од седумкатницата во медитеранскиот град Ница“, објави на социјалната мрежа Х префектурата на департманот Алпес-Маритимес.
Се додава дека во пожарот загинале седум лица, а дека три се повредени, од кои едно е во критична состојба.
„Жртвите се три деца, тинејџер и три возрасни лица“, изјави обвинителот на Ница, Дамиен, за медиумите на местото на настанот.
Тој додаде дека истрагата се фокусира на можноста за кривично дело.
Првиот заменик на градоначалникот на Ница, Ентони Бор, на социјалната мрежа Х објави дека на видеоснимките се гледаат тројца маскирани осомничени лица како влегуваат во зградата непосредно пред инцидентот.
„Нашите мисли се со семејствата на жртвите“, рече францускиот претседател Емануел Макрон изразувајќи сочувство.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин им се заблагодари на пожарникарите за нивната брза акција и спречувањето да дојде до повеќе жртви.