Emre Gürkan Abay,Emre Aytekin
26 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за вонредни состојби потврди дека во морето кај Арктикот во близина на Норвешка паднал хеликоптер во кој се наоѓале осум руски државјани, вклучувајќи тројца научници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се наведува дека во морето кај брегот на арктичкиот архипелаг Свалбард паднал хеликоптер од типот „Mil Mi-8" кој превезувал руска посада од осум членови.
Се наведува дека тројца од осумте членови на посадата се научници на Истражувачкиот институт на Северниот пол и Анарктикот.
Во соопшението се додава дека активностите за утврдување на местото на падот на хеликоптерот се во тек, но не се наведува што се случило со членовите на посадата.
Хеликоптерот летал во правец од местото Пирамиден кон пристаништето Барентсбург каде се наоѓа рускиот рудник со јаглен а паднал во океанот, два до три километри подалеку од своето планирано одредиште.