Selman Aksünger
20 Септември 2022•Ажурирај: 21 Септември 2022
АМСТЕРДАМ (АА) – Студијата нарачана од Холандската адвокатска комора (NOVA) покажа дека во земјата половина од адвокатите биле нападнати во 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истражувањето нарачано од независна агенција за Холандската адвокатска комора (NOVA) откри дека половина од адвокатите во земјата се нападнати во 2021 година, главно од нивните клиенти.
Од нападите, 41 отсто се вербални навреди, 34 отсто заплашување, 18 отсто закани и 4 отсто физички напади.
Според истражувањето на речиси 1.100 од вкупно 18.000 адвокати регистрирани во Холандската адвокатска комора (NOVA), 20 отсто од нападнатите размислувале да ја напуштат професијата, додека 40 отсто од нив се нападнати повеќе пати.
Во извештајот, исто така, се нагласува дека најмногу се нападнати адвокатите во кривични постапки и извршителите.
Се додава дека повеќе од половина од нападите се од клиенти на самите адвокати, а во некои случаи имало напади и од другата страна или трети лица.
Јерун Сутеман, член на Генералниот совет на НОВА, осврнувајќи се на извештајот за локалните медиуми истакна дека наодите се „шокантни“, но не и „изненадувачки“.
Меѓу другото, во извештајот се наведуваат и нападите врз други професионални групи. 49 отсто од оние што се занимаваат со политика, 33 отсто од државните службеници и 82 отсто од новинарите исто така се изложени на слични напади.