Muhammet Tarhan
11 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, објави порака по повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница, кој се смета за најголемата човечка трагедија во Европа по Втората светска војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„По повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница, кој е црната дамка на човечката историја, од Господ посакувам милост за лицата загинати како шехиди во оваа суровост, додека упатувам сочувство до нивните семејства и до нашите бошњачки браќа“, напиша Чавушоглу на својот твитер-профил.
Шефот на турската дипломатија заедно со пораката објави и фотографија во која се наведува „Геноцид во Сребреница, не го заборавивме, нема да го заборавиме“.