Şerife Çetin
25 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
ЛУКСЕМБУРГ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека ќе упати честитки до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод победата на изборите во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред одржувањето на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Евопската Унија (ЕУ) што се одржува во Луксембург, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, даде изјава за новинарите. „Упатувам честитки до претседателот на Турција, Ердоган, по повод неговиот реизбор за претседател. Во исто време, му честитам на турскиот народ за неговото големо учество на изборите“, рече Столтенберг.
Посочувајќи дека Турција е многу значаен сојузник на НАТО, Столтенберг истакна дека Турција не е земја која е значајна само од географски аспект поради нејзиното стратешко значење, туку, во исто време е земја која игра клучна улога во борбата против тероризмот.