Seda Sevencan
19 Октомври 2022•Ажурирај: 20 Октомври 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шведскиот дневен весник „Експресен“ ги објави првите фотографии од гасоводот „Северен тек 1“ под Балтичкото Море, по експлозијата на крајот на септември во која тој беше оштетен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По тој повод весникот објави дека недостигаат најмалку 50 метри од гасоводот.
Во соработка со весникот, норвешката компанија „Блуај роботикс“ користела дрон за фотографирање на извитканиот и свиткан метал на гасоводот на 80 метри под површината на морето.
Во Балтичкото Море во близина на бреговите на Данска и Шведска во септември беше пријавено истекување од гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои се во сопственост на Русија. И скандинавските земји, како и Европската Унија, рекоа дека постојат знаци дека истекувањето е резултат на саботажа, а не на несреќа.