Selman Aksünger
26 Декември 2022•Ажурирај: 30 Декември 2022
ХАГ (АА) - Нафтената компанија Шел (Shell) соопшти дека ќе им исплати 15 милиони евра обесштетување на нигериските фармери откако компанијата е прогласена за одговорна за два случаи во врска со истекувањето на нафта во Нигерија, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на нафтениот гигант се наведува дека износот на обесштетувањето е договорен во координација со Здружението за заштита на животната средина (Milieudefensie), кое го водело судскиот спор во име на нигериските земјоделци.
Вкупно 15 милиони евра ќе им бидат исплатени како обесштетување на четворица земјоделци и на луѓето што живеат во нигериските села Орума, Гои и Икот Ада Удо, поради случаите на истекување на нафта во периодот од 2004 до 2007 година.
Судот во Хаг за одлуката од 29 јануари 2021 година пресуди дека компанијата Шел е одговорна за два случаи на истекување на нафта во Нигерија.