Amir Latif Arain
28 Јули 2025•Ажурирај: 29 Јули 2025
АНКАРА (АА) – Бројот на загинати од масовното пукање во главниот град на Тајланд, Бангкок, се зголеми на 6 откако им подлегна на повредите уште еден тешко повреден обезбедувач, јавија локалните медиуми денес, јавува Анадолу.
Осомничениот напаѓач отворил оган на пазарот „Ор Тор Кор“ во округот Чатучак во Бангкок, при што биле убиени четири лица, по што напаѓачот се самоубил, објави дневниот весник „Тај Енквајер“.
Осомничениот бил идентификуван како 61-годишен поранешен обезбедувач кој претходно работел во истата компанија како и неговите жртви.
По нападот, напаѓачот седнал на клупа во средината на пазарот и извршил самоубиство со огнено оружје.
Властите започнаа истрага за да ги утврдат мотивите на осомничениот.