Beyza Binnur Dönmez
18 Октомври 2021•Ажурирај: 19 Октомври 2021
АНКАРА
Министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линд, допатува доцна синоќа во посета на Израел и е прва шефица на шведската дипломатија која ја посетува таа држава по десет години, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Само што пристигнав во Израел. Оваа официјална посета означува нов почеток во односите меѓу Израел и Шведска“, напиша Линд на Твитер.
Линд денеска ќе се состане со израелскиот колега Јаир Лапид и претседателот Исак Херцог, а планира да го посети и палестинскиот град Рамалах на Западниот брег.
Дипломатските односи меѓу двете земји беа нарушени во 2014 година, кога Шведска стана првата членка на Европската унија што ја призна државата Палестина.