Adam Abu-bashal
18 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
АБУЏА
Во федералната држава Квара, која е дел од западноафриканската земја Нигерија, се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија 16 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, во подрачјето на Џеба-Боде во областа Моро се судрија два автобуса.
Во несреќата животот го загубија 16 лица, а 11 се повредени.
Претставниците на власта информирајќи дека повредените се префрлени во болница, изразија загриженост од можноста за зголемување на бројката на починати.