Burak Bir
10 Септември 2024•Ажурирај: 11 Септември 2024
ЛОНДОН (АА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес објавија дека оваа недела ќе отпатуваат за Киев за да ја покажат својата „посветеност кон Украина“, јавува Анадолу.
За време на заедничката прес-конференција во Лондон, Лами рече: „Денес можам да потврдам дека Ентони и јас ќе патуваме во Киев оваа недела, што е прва заедничка посета од ваков вид по повеќе од една деценија“.
„Ние сме најблиските сојузници, па среќен сум што ќе патуваме заедно, покажувајќи ја нашата посветеност на Украина“, додаде тој.
Блинкен од своја страна го спомена и планираното патување, посочувајќи дека тоа е „клучен момент“ за Украина.
Тој, исто така, рече дека САД ќе објават дополнителни санкции кон Иран подоцна во текот на денот, вклучително и дополнителни мерки за иранскиот национален авиопревозник „Иран ер“.
Блинкен пристигна во Лондон вчера, а заедно со Лами го започнаа стратешкиот дијалог Велика Британија - САД рано утринава за подлабоки односи.