Ömer Tuğrul Çam
01 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
РИГА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Рига, главниот град на Латвија, на која се разговараше за билатерални и регионални прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу и Блинкен се сретнаа во Конгресниот центар „Ата“, каде што се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.
Во изјава за новинарите пред средбата, Чавушоглу изрази задоволство што повторно се сретнал со Блинкен.
Чавушоглу истакна дека имаат многу прашања за разговор и дека ќе одржат последователен состанок за прашањата за кои се разговарало и за одлуките донесени на средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден во Рим.
Министерот Чавушоглу истакна дека како двајца сојузници на НАТО ќе разменат мислења за билатералните односи и за регионалните прашања како што се Украина, Либија, Сирија и Авганистан.
Блинкен, исто така, изрази задоволство што уште еднаш се состанува со Чавушоглу.
Наведувајќи дека како две сојузнички земји ќе разговараат за многу прашања, Блинкен рече дека како сојузници на НАТО, вчера и денеска во Рига разговарале за ситуацијата во и околу Украина, Западниот Балкан и Кавказ.
Блинкен, исто така, истакна дека ќе имаат можност да разговараат за прашањата за соработка меѓу Турција и САД и за регионалните прашања.