Şenhan Bolelli
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
МАДРИД (АА) - Во Мадрид денеска се одржаа протести, со цел да се обрне внимание на проблемот на сѐ поголемото населување во големите градови во Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници лица, на повик на неколку невладини организации се собраа во центарот на Мадрид, каде што од политичките претставници побараа да ги преземат потребните мерки во врска со настанатиот проблем.
Насобраните демонстранти порачаа дека пред сѐ е потребно да се реши проблемот со недостигот на инфраструктурата и намалување на стапката на невработеност, за да може да се намали и трендот на населувањето во големите градови.
Организаторите на протестот рекоа дека Шпанија за првпат се соочува со сериозен проблем на нагла урбанизација, односно со процес на зголемување на градското население.
„Повеќе не сакаме само празни ветувања, сакаме инвестиции“, извикуваа насобраните граѓани.
Претставниците на организациите „Soria Ya!“ и „Teruel Existe“ истакнаа дека од политичарите очекуваат развој на инфраструктурата за побрз железнички сообраќај и инвестиции во областа на локалниот туризам.
Според податоците на Националниот институт за статистика на Шпанија (INE), 14 града во земјата се наоѓаат на критично ниво поради наглото опаѓање на бројот на жителите.
Околу 80 отсто од селата и градовите во кои живеат помалку од 1.000 жители, се соочуваат со ризикот да останат потполно празни.