Emel Öz Gözellik
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
КОЛОМБО (AA) - Како резултат на уривање на една зграда во Коломбо, главен град на Шри Ланка, загинаа седум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Руван Гунасекара, полициски портпарол, соопшти дека според првичните сознанија седум лица смртно настрадаа во уривање на зграда во подрачјето Грандпас во Коломбо.
Гунасекара информираше дека противпожарните возила и спасувачките тимови пристигнаа на местото на настанот, и истакна дека постои можност под рушевините на зградата да има заглавени лица.
Започната е истрага околу овој случај.