Said İbicioğlu
22 Септември 2021•Ажурирај: 23 Септември 2021
МАРИБ (АА) - Хусите во Јемен ја презедоа контролата врз подрачјето на Хариб кое се наоѓа во областа Мариб, контролирана од Владата на Јемен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, Хусите кои се поддржани од Иран, ја презеле контролата врз подрачјето на Хариб, а го опколиле и центарот на градот Мариб од три страни.
Хусите синоќа се собрале во подрачјето на Шакир, оддалечено 2 километри од Хариб, а подоцна започнале напад врз подрачјето.
По нападот избувнале жестоки судири меѓу нив и владините сили, кои биле поддржани од племенски групи.
Во судирите животот го загубиле пет лица, меѓу кои и двајца жители на Хариб.
По заземањето на Хариб, Хусите го опколија центарот на градот Мариб од три страни - Цевф, Сирва и Хариб.
Може да се забележи дека Хусите во последно време ги зголемија нападите за заземање на Мариб, едно од најважните упоришта на легитимната Влада на Јемен, каде што се наоѓа седиштето на Министерството за одбрана.
Хусите во Јемен, поддржани од Иран, во септември 2014 година воспоставија контрола врз главниот град Сана и некои региони.
Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија во март 2015 година започнаа да ѝ даваат поддршка на јеменската Влада против Хусите.