Ali Cura
25 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Петро Порошенко, по повод изборната победа, му честиташе на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Порошенко преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави: „Му честитам на Реџеп Таип Ердоган по повод неговото повторно избирање за претседател на Турција. Довербата на народот и новите уставни овластувања ќе обезбедат дополнителни патишта за просперитет на турскиот народ, негова безбедност и поголем развој на Турција.“
Претседателот на Украина, Петро Порошенко, кој својата објава ја објави на украински, турски и англиски јазик, на крајот додаде: „Украина е посветена на развивање на украинско-турското стратешко партнерство и продлабочување на билатералната соработка“.