Faruk Zorlu
29 Октомври 2022•Ажурирај: 30 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку 120 лица загинаа во стампедо за време на прославата на Ноќта на вештерките во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стампедото се случило во тесна уличка во близина на хотелот Хамилтон во забавната зона во Итаевон, откако толпа луѓе се туркала напред, јави новинската агенција Јонхап.
По итниот состанок свикан поради стампедото, јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол наредил итно да се обезбеди лекување на повредените, чиј број според јавувањата изнесува над 100.