Büşra Nur Çakmak
05 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
АНКАРА (АА) - Северна Кореја истрелала неидентификуван проектил кон Јапонското Море, соопшти денес јужнокорејската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Началникот на Здружениот штаб на Јужна Кореја им кажа на новинарите за лансирањето преку СМС-порака без да даде дополнителни детали, објави новинската агенција „Јонхап“.
„Тоа е деветто лансирање оваа година од Северна Кореја и тоа четири дена пред претседателските избори во Јужна Кореја“, пишува „Јонхап“.
Јапонската Влада, исто така, соопшти дека „Северна Кореја лансирала ракета која можно е да е балистичка ракета, објави јапонската новинска агенција „Кјодо“.
Северна Кореја истрела балистичка ракета на 27 февруари, обновувајќи ги тестирањата на ракети по пауза од речиси еден месец, истакнаа официјални претставници од Јапонија и Јужна Кореја.