Ekipa
22 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Жан Клод Јункер, претседателот на Еворпската комисија критикуваше одредени земји-членки на ЕУ што одбиле да ги прифатат бегалците од Грција и Италија бидејќи мигрантите биле муслимани, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер денес изјави дека членките на ЕУ веруваат во тоа дека тие се католички земји и дека поради тоа немаат место за муслимани.
„Мислам дека таквиот начин на размислување е неприфатлив. Прво доаѓаат луѓето, потоа религијата. Не се работи прво за религијата, па потоа за луѓето“, изјави Јункер.
Земјите на ЕУ во септември 2015 година гласаа во рок од повеќе од две години да ги распределат 160.000 бегалци од Грција, Италија или која било друга земја што не е во состојба да се справи со доаѓањето на мигрантите. Досега само околу 5.000 бегалци се распоредени. Со таквото темпо ќе бидат потребни речиси два века за планот да се исполни.