Besar Ademi
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
СКОПЈЕ (AA) – Вечерва беше прогласено за затворено издание на 31. Светско првенство во борење кое започна на 21 септември оваа година во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје на кое учествувааа околу 400 спортисти од 32 земји од 4 континенти во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
На овој спортски настан натпреварувачите се бореа во сите категории, во дисциплина слободен стил за мажи и жени и во познатиот рчко-римски стил.
Македонија беше претавувана од страна на 18 припадници на АРМ, на кои им беа доделени три бронзени медали, сите во женска категорија.
Највеќе медали на првенството освоија претставниците на Русија, потоа претставниците на Народна Република Кина, а трети се претставниците на Азербејџан.
Русија освои вкупно 14 медали, од кои 4 златни, 5 сребрени и 5 бронзени.
Официјалниот претставник на Меѓународниот совет на воени спортови (CSIM), Нелсон де Хесус Лопез, изјави дека овие инструменти на CISM служат за да се пренесе јасна порака за мир во светот.
„Ова што CISM и сите вие што го создадовте ова ове и во целиот свет е единствениот начин кој ги признава нашите разлики во многу аспекти и ги отстанува нашите разлики", изјави Лопез.
Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски кој официјално го затвори Светското воено првенство во борење рече:
„Вашите спортски постигнувања, Вашиот спортски дух демонстрирани високи вредности на воената чест и гордост како и Вашата посветеност и поддршка го направија ова првенство да биде импресивно и успешно. Се надевам дека Вашите спортски борби, меѓусебното дружење како и гостопримството на граѓаните на Република Македонија ќе Ви останат во Вашето длабоко сеќавање. Убедени сме дека Вашето пријателства се вистински придонес за подобар и побезбеден свет."
Во однос на учесниците во натпреварувањето вреди да се напомене дека 19 спортисти-натпреварувачи биле дел и од Олимписките игри во Рио, годинава, а неколкумина се и носители на златни медали од олимписките игри и светските првенства.