Dejan Maksimoviç
15 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Полска од денес па до 31 јануари 2016 година ќе бид домаќин на 12-то по ред Европско Првенство во ракомет. Љубителите на ракометот ќе можат да уживаат во врвните натпревари и спектакуларните потези. Титулата Европски шампион ќе ја брани Франција, која освен европската титула моментално ги држи пехарите наменети за светскиот шампион и олимписки победник, анализира Anadolu Agency (AA).
Меѓу репрезентациите кое би можеле да ги тргнат Французите од тронот е домаќинот Полска, која освои бронза од последното Светско првенство во Катар 2015 година. Освен неспорниот квалитет кој го имаат Полјаците, зад себе имаат и армија навивачи, а во ракометот предноста на домашен терен многу повеќе значи за разлика од другите спортови.
Во тесниот круг на фаворити спаѓаат, освен Франција и Полска, Данска, Шпанија и Хрватска. Тука се петте репрезентации чиј пласман меѓу првите три во Европа никого не би изненадил. Веднаш зад нив право да се надеваат на висок пласман имаат Шведска, Унгарија, Исланд, Германија, Словенија, Србија и Русија, некогашна ракометна велесила која веќе со години не може да се врати на патеката на старата слава. Македонија, Белорусија, Норвешка и Црна Гора се репрезентации чие поминување во вториот круг би бил огромен успех.
Најсилна сила од регионот на Западен Балкан секако е Хрватска. Станува збор за репрезентација која над десет години е на самиот врв на европскиот, а со тоа и на светскиот ракомет. Малку се големите натпреварувања од 2003 година наваму, на кои Хрватите немаат стигнато до медал. Меѓу нив е и последното Светско првенство во Катар, каде се елиминирани во четврт-финалето.
Македонија има искусна репрезентација која со години е заедно. Селекторот Ивица Обрван и овој пат се потпре на проверени сили. Повторно ќе ги предводи еден од најдобрите десни бекови на светот Кирил Лазаров. Тука се голманите Борко Ристовски, потоа Стојанче Стоилов, Аце Јоновски, Немања Прибак, Наумче Мојсовски, Филип Лазаров, Дејан Манасков... Во секој случај репрезентација која секогаш може да ги помеша сметките на најдобрите европски селекции, но и често знае да одигра и под свое ниво. Поминување на групата за нив би значело исполнување на целта.
- Досегашни освојувачи на медали -
Во последните три првенства медали освоија: 2014 година Франција (З), Данска (С), Шпанија (Б); 2012 година Франција (З), Србија (С), Хрватска (Б); 2010 година Франција (З), Хрватска (С), Исланд (Б).