Ekip
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
МОНАКО (AA) – Конгресот на светската атлетска федерација (САФ)со големо мнозинство од гласовите го одобри спроведувањето на опсежните реформи од овој спорт кои ги заговараше претседателот Себастијан Ко за да се стави крај на нарушувањето на угледот поради корупцијата и скандалите со допинг, јавува Anadolu Agency (AA).
Предлогот на претседателот Ко, кој носи симболичен назив „Време е за промени", со кој посебно би се сменил начинот на кој се истражуваат и процесираат случаевите поради допинг, доби 95 отсто од гласовите од 192, колку што беа важечки. Право на глас на Конгресот на САФ имаат 213 земји, поточно сите земји освен Русија која е суспендирана поради систематски допинг на нејзините атлетичари. За одобрение за спроведувањето на реформите беше и потребно двотретинско мнозинство.
Воочи почетокот на Конгресот во Монако, Ко предупреди дека љубителите на атлетиката би можеле да се свртат кон другите спортови, доколку започнат да мислат дека во неа победите се местат. Побара од сите делегати за време на гласањето да бидат храбри, што и го направија тие.