Emre Aşıkçı
29 Март 2023•Ажурирај: 30 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го постигна својот 100. гол во дресот на аргентинската репрезентација во пријателскиот натпревар против карипската земја Курасао кој заврши со резултат 7:0, јавува Анадолу.
Триесет и петгодишниот аргентински капитен постигна хет-трик и му се придружи на Кристијано Роналдо во „клубот на 100 гола“ на Естадио Унико Мадре де Сиудадес, во Сантијаго дел Естеро.
Другите голови ги постигнаа Николас Гонзалес, Енцо Фернандез, Анхел Ди Марија и Гонзало Монтиел.
Меси стана прв светски шампион со постигнати 100 гола за репрезентацијата, зад Кристијано Роналдо (122) и Али Даеи (109).
Тој го постигна својот 800. гол во кариерата во минатонеделната пријателска средба и победа над Панама во Буенос Аирес со резултат од 2:0.
Меси ја предводеше Аргентина до титулата светски првак на Светското првенство 2022 во Катар, каде што го совлада шампионот од 2018 година, Франција, со 4:2 во пенали.