Fatih Erel
31 Март 2023•Ажурирај: 01 Април 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со третата трка во сезоната што ќе се одржи во Австралија, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда на Австралија (Australia Grand Prix) на патеката „Алберт Парк“ („Albert Park“), која е долга 5,2 километри и се наоѓа во градот Мелбурн, возачите ќе треба да возат 58 круга.
Утре (сабота) ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Австралија е закажана за 2 април, недела, со почеток во 07:00 часот.
На првата трка од оваа сезона, која се одржа во Бахреин, победи холандскиот пилот на „Ред Бул“, Макс Верстапен, додека на втората трка што се одржа во Саудиска Арабија, победи мексиканскиот пилот на „Ред Бул“, Серџо Перез.
Пред трката за Големата награда на Австралија, пласманот на возачите и тимовите е следниов:
- Пласман на возачите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 44 поени
2. Серџо Перез (Мексико): 43 поени
3. Фернандо Алонсо (Шпанија): 30 поени
4. Карлос Саинц (Шпанија): 20 поени
5. Луис Хамилтон (Велика Британија): 20 поени
- Пласман на тимовите:
1. Ред Бул: 87 поени
2. Астон Мартин: 38 поени
3. Мерцедес: 38 поени
4. Ферари: : 26 поени
5. Алпин: 8 поени