Bojan Bednar
17 Јануари 2022•Ажурирај: 19 Јануари 2022
БЕЛГРАД (АА) - Тенисерот Новак Ѓоковиќ допатува со авион од Дубаи на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, јавува Агенција Анадолија (АА).
На аеродромот присутни се голем број новинарски екипи од Србија и светот, како и навивачи на Ѓоковиќ.
Засега сè уште нема информации дали Ѓоковиќ ќе ѝ се обрати на јавноста.
Од ПР-тимот на Ѓоковиќ во неделата изјавија дека не можат да гарантираат дека Ѓоковиќ ќе се задржи во Србија, но дека е сигурно дека нема да се огласува за случувањата во Австралија, сè додека турнирот во Мелбурн не заврши.