Mutlu Demirtaştan
02 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Интернет-страницата на американската Национална кошаркарска лига (НБА) објави дека во болницата во која се лекувал по доживеаниот мозочен удар, починал Дејвид Штерн, поранешен претседател на НБА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Штерн влезе во историјата како претседател на НБА кој најдолго, 30 години, од 1984 до 2014 година ја извршувал таа функција.
За време на својот мандат Штерн успеа да го зголеми бројот на тимови во Лигата, потпиша договори значајни од аспект на вредноста на Лигата и направи чекори од аспект на кодексот на облекувањето на кошаркарите, правејќи НБА да стане широко препознатлива во светот.