Doğa Kırmızıoğlu
25 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
АНКАРА
Пеп Гвардиола, тренерот на последниот шампион во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, е избран за тренер на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Асоцијацијата на менаџерите на Лигата (ЛМА), за тренер на годината е избран Шпанецот Гвардиола, кој го доведе Манчестер Сити до шампионатот.
„За да ја добиете оваа награда, потребно е околу вас да има многу добри професионалци. Имам прекрасни играчи. Оваа награда им ја посветувам на нив“, рече 50-годишниот тренер, кој во својата кариера по втор пат ја добива оваа награда.
Манчестер Сити освен што стана шампион во Лигата во оваа сезона, исто така го освои и Лига купот на Англија.
Овој тим на 29 мај, сабота, ќе се соочи со Челзи во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА.