Muhammed Enes Çallı
25 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
АНКАРА
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ во понеделникот објави дека го напушта Милан, откако не ги исполни очекувањата за време на шестмесечниот период поминат во клубот од Серијата А, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Беше задоволство да играм за Милан. Благодарен сум на Управата на клубот што ми даде можност, на Стручниот штаб за нивната посветена работа и на моите соиграчи кои не се само одлични играчи, туку и одлични луѓе“, напиша Манџукиќ во објава на социјалната мрежа Инстаграм, при што го објави своето заминување.
„Среќен сум што успеавме да го вратиме овој голем клуб во Лигата на шампионите, каде што припаѓа, и им го посакувам на сите во клубот само најдоброто во иднина.“