Oktaj Omeragikj
15 Ноември 2024•Ажурирај: 15 Ноември 2024
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје на национална арена „Тоше Проески“ се одигра натпреварот меѓу селекциите на Северна Македонија и Летонија, известува Анадолу.
Селекцијата на Северна Македонија на домашен терен ја пречека селекцијата на Летонија во натпревар од Групата 4 на Лигата Ц на Лигата на нации на УЕФА.
Првото полувреме од натпреварот заврши без победник, 0:0.
Во второто полувреме селекцијата на Северна Македонија поведе со 1:0 откако мрежата на Летонија ја затресе македонскиот репрезентативец Никола Серафимов во 57. минута.
Со овој резултат и заврши натпреварот кој и донесе победа Северна Македонија и 3 бода, и го задржа првото место во групата.
Следниот натпревар селекцијата на Северна Македонија го игра во недела против Фарски Острови, на арена „Тоше Проески“ со почеток во 15:00 часот.