Fatma Esma Arslan
07 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
ДАКАР
Фудбалската репрезентација на Сенегал го совлада Египет со 4-2 во финалето на Африканскиот куп на нации што се одигра на стадион Олембе, во Јаунде главниот град на Камерун. Оваа победа со голема радост беше дочекана во Дакар, главниот град на Сенегал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Илјадници навивачи се собраа на плоштадот каде што се наоѓа споменикот на ренесансата, еден од симболите на Дакар и го следеа натпреварот на поставениот џиновски екран. Натпреварот кој во регуларниот тек и по продолжетоците заврши без победник, 0:0, продолжи со изведување на удари од 11 метри. Репрезентацијата на Сенегал беше поуспешена во изведувањето на пеналите и го совлада Египет со 4:2.
Навивачите на плоштадот ја прославија првата шампионска титула на Сенегал во својата историја. По натпреварот сенегалскиот пејач Воли Сек одржа мини концерт.
Навивачите, откако заврши концертот го напуштија плоштадот, формирајќи долга поворка од автомобили која се движеше низ улиците на главниот град. Прославата продолжи до раните утрински часови.