Doga Kirmizioglu
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Американската тенисерка Серена Вилијамс (35) стана мајка. Во својата изјава таа истакна дека чувството не може да се опише со зборови, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вилијамс, една од најпознатите тенисерки на светот, во приватна клиника во Вест Палм Бич, на свет донесе здраво девојче.
„Неверојатно сум возбудена, чувството не може да се опише со зборови”, рече Вилијамс.
Честитки упатија голем број познати личности, меѓу кои колегата Рафаел Надал и пејачата Бионси.
Вилијамс и Алексис Оханиан (33) се верија кон крајот на минатата година.