Barış Seçkin
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
РИМ
Во 31. коло на италијанската Прва фудбалска лига „Серија А“ лидерот Јувентус како гостин загуби од Милан со 4:2, јавува Агенција Анадолија (АА).
На натпреварот кој се одигра на стадионот Сан Сиро во Милан, првото полувреме заврши без погодоци 0:0, а во вторите 45 минути беа постигнати 6 погодоци.
Јувентус силно го започна второто полувреме и веќе во 47 минута со погодокот на Адријан Рабио поведе со 0:1.
Веќе во 53 минута од натпреварот светска фудалска ѕвезда, Поратугалецот Кристијано Роналдо го зголеми водството на Јувентус на 0:2.
Во 62 минута беше досуден удар од белата точка за Милан кој Златан Ибрахимовиќ успеа да го реализира и го намали водството на 1:2.
Фудбалерот на Милан Франк Кесие во 66 минута постигна погодок за изедначување на резултатот на 2:2.
Само една минута подоцна Рафаел Леао постигна погодок за Милан и ги доведе црвено-црните во водство од 3:2.
Анте Ребиќ во 80 минута од средбата постигна погодок за домаќините, зголемувајќи го водството на Милан на 4:2, резултат со кој и заврши натпреварот.
Екипата на Милан успеа да извојува 4 победи на 5 натпревари од продолжението на Серија А која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот. По победата над Јувентус, Милан има 49 поени и се наоѓа на 5 место на табелата.
Лидерот Јувентус иако на овој натпревар имаше предност од два погодоци, не успеа тоа да го искористи. Јувентус кој се наоѓа на врвот од Серија А со 75 поени не успеа да го совлада Милан и да ја зголеми бодовната разлика со своите конкуренти во трката за шампионската титула во лигата. Ова е четврти пораз на црно-белите сезонава, прв во последните 7 натпревари.
Од друга страна, екипата на Лацио која е најголем конкурент на Јувентус во Серија А, дожевеа неочекуван пораз на гостинскиот терен на Лече.
Лацио поведе со 0:1, но на крајот славеа домаќините со 2:1. Лацио со овој пораз загуби голем чекор во трката за шампионската титула во Серија А. Лацио се наоѓа на второто место во италијанската фудбалска лига со 68 бода, 7 помалку од лидерот Јувентус. Ова е втор последователен пораз на Лацио, петти сезонава. Лече кое води борба за опстанок во лигата, по оваа победа има 28 бода и се искачи на 17 место.