Yunus Kaymaz
17 Мај 2019•Ажурирај: 18 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и најдобрата тенисерка на светот, Наоми Осака, поради повреди се повлекоа од турнирот во Рим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Коленото на 37-годишниот тенисер не издржа за време на четвртфиналето на „Италијан опен“ против Гркот Стефанос Циципас.
Поради повреда на десната рака, Јапонката Наоми Осака, пак, ја предаде без борба средбата од четвртфиналето на големиот WTA-турнир во Рим на Холанѓанката Кики Бертенс.
„Италијан опен“ завршува на 19 мај.