Mutlu Demirtaştan
07 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
На Светскиот шампионат во Формула 1 вечерва се вози 18. трка оваа сезона. На Големата награда на Мексико, од првата позиција ќе стартува Финецот Валтери Ботас, возач на тимот на Мерцедес, кој беше најбрз во борбата за пол-позициите, известува Агенција Анадолија (АА).
Ботас ја освои првата стартна позиција со време од 1.15,875 секунди во квалификациските кругови на трката што се одржа на патеката „Ерманос Родригес“ во главниот град Мексико Сити.
Втората позиција ја освои тимскиот колега на Ботас, Британецот Луис Хамилтон, со заостанување од 0,145 секунди, додека Холанѓанецот Макс Верстапен (од Ред Бул-Хонда) беше трет, заостанувајќи зад првопласираниот 0,350 секунди.
Вечерва, на трката за Големата награда на Мексико, што стартува во 20:00 часот, возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе извози 71 круг на патеката долга 4.304 метри.