Fatih Erel
11 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Шампионот на поранешната Формула 1, Кими Раиконен, ќе го напушти Ферари и до крајот на оваа година ќе биде заменет од Чарлс Леклерк, соопштија денес од Ферари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во следната тркачка сезона на Формула 1, Чарлс Леклерк, ќе вози за тимот на Ферари заедно со Себастијан Фетел“, се вели во соопштението на Ферари.
„Соништата се исполнуваат. Ќе возам за @scuderiaferrari за Светскиот шампионат на Формула 1 во 2019 година“, изјави Леклерк на социјалната мрежа Твитер.
„Во текот на овие години, придонесувањето на Кими за тимот, како возач, но и врз основа на неговите човечки квалитети, беше фундаментален. Тој играше одлучувачка улога во растот на тимот и истовремено секогаш беше одличен тимски играч“, се соопштува од Ферари.
Финецот Кими Раиконен (38) ќе вози за Заубер во следната тркачка сезона на Формула 1.
„Погодете кој се врати?! Во следните две години со sauberf1team напред! Чувството е одлично да се вратиш таму каде што си започнал“, изјави Раиконен на социјалната мрежа Инстаграм.