Yunus Kaymaz
18 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Екипите на Денвер Нагетс и Јута Џез го одиграа првиот натпревар од НБА плеј-офот. Нагетски во продолжетокот на средбата успеаја да ги совладаат Џезерите со 135:125, известува Агенција Анадолија (АА).
Плеј-офот во НБА започна со четири натпревари во двете конференции. Јута Џез чиј кошаркар Донован Мичел прикажа извонреден перформанс со постигнати 57 поени, 9 скока и 7 асистенции, во натпреварот против Денвер Нагетс и покрај високата предност постигната во третата четвртина од натпреварот, не успеа да го задржи водството и натпреварот во регуларниот тек заврши нерешено 115:115.
Во продожението во кое во првите 2,5 минути Јут Џез не успеа да постигне ниту еден поен, Нагетс без поголеми потешкотии успеаја да ги совладаат Џезери со 135:125 и поведоа со 1:0 во серијата натпревари од плеј-офот.
Донован Мичел влезе во историјата на НБА како трет играч кој успеал да постигне најголем број поени на еден натпревар од плеј-офот. На оваа листа првото место му припаѓа на Мајк Џордан со 63 поени, по кој следи Елџин Бејлор со 61 поен.
Во редовите на Денвер Нагетс најпрецизен беше Никола Јокиќ со дабл-дабл перформанс од 29 поени, 10 скока, 3 аситенции, а свој придонес во победата дадоа Џамал Мареј со 36 поени, 9 асистенции, 5 скока и Џереми Грант со 19 поени и 3 асистенции.
Дончиќ започна со рекорд
Екипата на Лос Анџелес Клиперс во првиот натпревар од плеј-офот го совладаа Далас Маверикс со реултат 118:110.
Лука Дончиќ од редовите на Маверикс против Клиперс успеа да постигне 42 поени, со што влезе во историјата на НБА како играч кој во својот прв настап во натпревар од плеј-офот постигнал најголем број на поени.
Во редовите на Клиперс даб-дабл учинок постигнаа Кавај Леонард од 29 поени, 12 скока, 6 асистенциии и Ивица Зубац со 10 поени, 10 скока, додека Пол Џорџ постигна 27 поени, 3 асистнции, 2 скока.
Резултати
Денвер Нагетс - Јут Џез 135:125 (во продолжение)
Лос Анџелес Клиперс - Далас Маверикс 118:110
Торонто Репторс - Бруклин Нетс 134:110
Бостон Селтикс - Филаделфија Севентисиксерс 109-101