Sefa Şahin
15 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Управата за верски прашања на Турција (Дијанет) Али Ербас изјави дека Ерусалим денеска се соочи со, како што рече, вистинска варварска окупација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ставот кој потполно ја игнорира хуманоста, совеста, моралот и меѓународното право денеска во Ерусалим го изложи вистинско дивеење", рече Ербас.
Истакна и дека десетици невини луѓе пред очите на целиот свет се измасакрирани на крајно дивеечки начин.
Додаде и дека ниту еден, како што рече, насилник нема да може да ја спречи слободната иднина на Палестина, Газа и Ал-Акса.
„Сите насилници биле жртвина огнот кој сами го запалиле и знаеме дека историјата до сега сведочела на уништување на многу насилници и силеџии. Денеска оние кои само говорат за мирот, сигурноста и надежта во Ерусалим се осудени да се гушат во хаосот кој сами го предизвикале", рече Ерабас.
На крајот порача дека Ерусалим (Кудс) е тест на совеста, правото и моралот на сите муслимани, но и на целото човештво.
Потсетуваме, израелската војска усмрти најмалку 55 Палестинци на протестите кои од утрово се одржуваат на границата на Газа поради отворањето на американската амбасада во Ерусалим.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелските сили раниле најмалку 2.410 демонстранти, меѓу кои се наоѓаат и лица со рани добиени од куршуми од оружјето на израелските војници.