Ekipa
13 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во својот говор по ифтарот со истакнати личности од светот на спортот и уметноста во Турција, нагласи дека целта на Турција е да продолжи со економскиот раст, како и во претходните години, јавува Anadolu Agency (AA).
„Целта е до крајот на 2017 година и понтаму да напредуваме, и да продолжиме со ова темпо на раст“, рече Ердоган.
Тој истакна дека е многу важно да се инвестира и во областите како што се спортот, уметноста и културата.
„Со култура и со уметност без знаење, како ни со спорт без морал, не може да се стигне никаде. А државата сигурно ќе пружи поддршка на културата, уметноста и на спортот“, изјави турскиот претседател.
Тој истакна дека спортистите многу често се пример за многу млади луѓе.
„Во таа смисла, и од нашите спортисти, кои меѓу младите станаа симбол и пример, очекуваме да продолжат да се однесуваат во согласност со својата мисија“, рече Ердоган.
Тој потсети на земјотресот кој ги погоди Турција и Грција.
„Најважно е дека нема загинати. Материјалната штета на некој начин ќе се надополни. Важно е секогаш да сме подготвени за вакви потреси. Им посакувам брзо закрепнување и на нашите соседи на грчката страна“, истакна Ердоган.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 6,2 степен според Рихтеровата скала вчера го погоди подрачјето на Егејското Море во западна Турција.