Ekrem Payan
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
ШИРНАК (АА) - Тимовите на полицискиот оддел во Ширнак, југоисточна Турција, ја продолжуваат кампањата за убедување на терористите на ПКК за нивно предавање на Турските вооружени сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во овој контекст, координарите активности на Министерството за внатрешни работи на Турција, Турската разузнавачка служба (МИТ) и полицискиот оддел во Ширнак, обезбедија М.Б. (22), која се приклучила на терористичката организација пред пет години, да се предаде во пограничната полициска станица Нусајбин, во Мардин.
М.Б. која беше донесена во Ширнак се сретна со зетот и двете постари сестри.
М. Б. во изјавата за медиумите истакна дека во 2015 година се приклучила на ПКК поради семејни причини и дека во тој период била активна во северен Ирак и во женскиот огранок на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.
„Жалам што се приклучив на организацијата. Среќна сум што сега сум заедно со моето семејството“, истакна М.Б.
Сестрите на М.Б. наведувајќи дека се радосни што се сретнаа со нивната помала сестра, се заблагодарија на полицијата.